Македонија

В понеделник терестрично прскање против комарци во Скопје

На подрачјето на Град Скопје на 8 јуни ќе почне терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци и ќе се врши до 12.06.2020 година (петок), во период од 22 до 03 часот наредниот ден.

Од Град Скопје информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни