Македонија

Двајца доктори од Аџибадем Систина позитивни на коронавирус

Од КБ Аџибадем Систина известуваат дека пред три дена, во вторникот на 02.06.2020 година биле изолирани двајца доктори, кои воедно се и брачни содружници, а кои биле сомнителни на вирусот Ковид-19.

„По направените ПЦР тестови, се потврди позитивен резултат кај двајцата доктори. Според природата на работното место, едниот од нив немал никаков контакт со пациенти додека другиот имал минимален контакт со пациенти. Утврдени и контактирани се сите луѓе со кои овие лица биле во контакт и на истите веќе им е извршено тестирање и резултатите кај сите нив до сега се негативни“, посочуваат од КБ Аџибадем Систина.

КБ Аџибадем Систина продолжува да работи со полн капацитет со преземање на сите максимални мерки за заштита на своите вработени и пациенти и по сите утврдени безбедносни протоколи кои се усогласени со одлуките и мерките за заштита кои ги презема и здравствениот гигант ,,Аџибадем’’ од Турција.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни