Македонија

Дебатата за избори во тешко време на пандемија – „Калкулациите почна поради интересот на политичките партии“, вели Незири

Политичките партии за нивен интерес ја отворија темата за избори за време на пандемија и на тој начин граѓаните почнаа да мислат дека корона вирусот замина, смета  аналитичарот, Цељал Незири.

А, Бујар Османи рече дека темата на избори се отвори поради тоа што почна да се подобрува  ситуацијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека здравјето на граѓаните е над се и дека датумот за избори за нив моментално не е тема за дискусија.

Од Алијансата за Албанците со став дека изборите можат да се одржат на 26 јули, но ова не е тема на дискусија заради енормното зголемување на заразените со „Ковид 19“.

И покрај зголемувањето на бројот на заразени со „Ковид 19“, СДСМ продолжува со идејата дека изборите треба да се одржат што е можно поскоро. Крајниот рок за избори е 5 јули, кој паѓа 22 дена по завршувањето на вонредната состојба.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни