Според статистичките податоци од Министерството за внатрешни работи, ниту еден скопјанец не се здобил со пријава поради непочитувањето на мерките против коронавирусот.
„Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, (06/07.06.2020 година), на подрачјето на СВР Охрид, единаесет лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Струга-2, Кичево-2, Дебар-7). Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206-„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, полициските службеници констатирале 105 прекршоци за не носење лична заштита на лицето (Охрид-49, Струга-28, Кичево-20, Дебар-08)). Ним, издадени им се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19“, се вели во соопштението од СВР Охрид.
На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 184 лица (Охрид-79, Струга-87, Кичево-18). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 121 контроли (Охрид-51, Струга-53, Кичево-17). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 123 лица (Охрид-31, Струга-38, Кичево-14, Дебар-40). Врз овие лица, извршени се 87 контроли (Охрид-30, Струга-19, Кичево-8, Дебар-30). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 94 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-34, Струга-29, Кичево-20, Дебар-11).
.