Македонија

AA: Данела Арсовска одамна потфрли во својата должност, а сега станува штетна за сите скопјани

AA: Данела Арсовска одамна потфрли во својата должност, а сега станува штетна за сите скопјани

Од Алијанса за Албанците велат дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одамна потфрли во својата должност, а сега таа станува штетна за сите скопјани.

„По неправедното отпуштање на вработени во јавните претпријатија, сега го блокираше и јавниот превоз, наштетувајќи им на приватните превозници и на сите граѓани на Скопје.

Би упатиле повици да се реши проблемот, но, Арсовска веќе ја докажа својата неспособност и лошо менаџирање, па како единствено решение кое го гледаме за сите проблеми е нејзината итна оставка.

Алијанса за Албанците проценува дека главниот град не смее да остане во ваква хаотична состојба, злоупотребен поради инаети и лични и кланови интереси, туку бездруго треба да се стави во служба на граѓаните на Скопје“, велат од Алијанса.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни