Балкан

Абазовиќ: Иднината на Црна Гора е сигурна, ние сме НАТО

Горди сме што ја одбележуваме петгодишнината од членството на Црна Гора во НАТО – заедница на демократијата, вредностите и стабилноста, изјави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ по повод петгодишнината од полноправното членство на Црна Гора во Алијансата.

Како што јави РТЦГ, Абазовиќ нагласи дека повеќе од милијарда луѓе во светот ја чувствуваат слободата и сигурноста поради, како што рече, „нашиот заеднички придонес за колективната безбедност“.

„Иднината на Црна Гора е сигурна. Ние сме НАТО“, истакна црногорскиот премиер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни