Ада Бојана повторно достапна само за нудистите

Познатото летувалиште Ада Бојана наскоро би можело да биде достапно само за нудисти, пренесува црногорските медиуми.

Според нив, ваквата одлука била најавена од директорот на Улцинската ривиера, Бојан Ѓаконовиќ, во чии рамки се наоѓа туристичката населба.

„Ќе видиме што ќе биде, но веројатно нема да има повеќе место на плажата за никого, освен за нудисти“, истакна Ѓаконовиќ.

Во текот на викендот работниците ја тргнале оградата што ја делела плажата повеќе од 20 години, односно поголем дел за нудисти, и помал за тие „облечените“ капачи. Па така, се чини, Ада ќе им биде вратена на оние за кои беше првично беше отворена, односно на голите посетители.

Инаку, Ада Бојана е речен остров, на самиот крај на улцињската Велика Плажа, на местото каде што реката Бојана се одделува од неа.

Островот беше домаќин на првите туристи во 1973 година, кога германската туристичка агенција „Мирамаре“, која се занимаваше исклучиво со „натуристички туризам“, вложи околу половина милион марки за изградба на таканаречени „црни вили“, со околу 100 легла. Наскоро се појавија и „белите вили“ и автомобилски камп, со капацитет до 1.500 туристи.