Пред само неколку дена, британската пејачка објави нов сингл наречен „Easy on me“ и „собра“ неколку милиони прегледи за мал број часови.
Песната наводно е посветена на поранешната љубов на пејачката, во која таа зборува за разводот со сопругот Симон Колецки.
Некои се прашуваа дали Адел го направила совршениот маркетинг потег или песната навистина доаѓа од срце.
Едно е сигурно, песната наиде на голем одзив кај публиката, коментарите се одлични, па можеби и не е важно што всушност се крие зад овие стихови.
Адел одличното враќање на светската сцена го „зачини“ со неверојатна трансформација, во која изгледа подобро од било кога, да се разбереме.
Се прослави како симпатична дебела жена со ангелски глас, а сега, неколку години подоцна, изгледа опасно добро и привлекува машки воздишки.
Покрај фантастичен изглед, одлична песна, Адел има и нов дечко, па заклучуваме дека ова можеби и е една од најубавите години во последната деценија од животот.
Двојката е видена на отворањето на новата сезона во НБА, во кошаркарската сала на тимот од Лос Анџелес.
#Adele wowed last night at the #StaplesCenter in LA as she watched the #Lakers game with boyfriend #RichPaul, looking absolutely gorgeous in a skin tight leather suit and #LouisVuitton monogram coat!👩❤️👨🔥💖https://t.co/voIKiI1GUN pic.twitter.com/QSGWtHjFIG
— World Music Awards (@WORLDMUSICAWARD) October 21, 2021
