Адел откри кој и е помил од познатите британски принцеви Хари и Вилијам

Пејачката Адел беше домаќин на репортер на магазинот Vogue во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

Во видео интервју таа одговори на 73 прашања, меѓу кои имаше и многу прашања за Велика Британија од каде е Адел и Америка каде што сега живее.

Постоеше и прашањето дали таа го претпочита принцот Хари или неговиот брат Вилијам.

Адел одговори дека го претпочита принцот Хари, на што репортерот рече: „Зачинето“.