Адел подготвува огромно изненадување за фановите

Британската пејачка Адел на Твитер објави дека нејзиниот нов албум „30“ ќе излезе на 19 ноември.

„30-19 ноември“, напиша 33-годишната пејачка на социјалните мрежи.

Традиционално, името на албумот е бројот на возраста кога работела на песните во него. Нејзиниот деби албум во 2008 година беше „19“, потоа „21“ во 2011 година и „25“ во 2015.

Претходно овој месец, пејачката објави тизер за својата четврта песна. Синглот „Лесно за мене“ се очекува да излезе на 15 октомври.