Пејачката на својот Инстаграм објави серија фотографии од венчавката на кошаркарот на НБА, Ентони Дејвис, на кои беше со Рич. Сепак, таа ја сподели нивната заедничка фотографија само на крајот од серијата фотографии и додаде само срцев емотикон во описот.
Адел заблеска во тесен црн фустан, со изразени, подуени детали на рамената, додека нејзиниот партнер беше во елегантно одело.
Пејачката покажа совршена линија откако ослабе повеќе од 50 килограми, а на заедничката фотографија Адел и Рич се смешкаат, потпрени со главите кон главите.
Нивната слика, како прва официјална потврда од пејачката, предизвика лавина реакции кај нејзините обожаватели и за помалку од 24 часа собра повеќе од 6,5 милиони лајкови.
Инаку, Адел и Пол беа неколку пати заедно фотографирани во јавноста и светските медиуми пишуваа за нивната врска, сепак, пејачката не се огласи. Се зборуваше дека нивната врска не е сериозна, но по објавата на Адел, многумина веруваат дека ја зацврстиле својата врска и дека имаат заеднички планови за иднината.
ФОТО: Profimedia
