Адел продолжува да ги руши сите можни рекорди со нова песна

Шест години по објавувањето на нејзиниот последен студиски албум „25“, Адел се врати со новиот сингл „Easy on me“ и ги собори сите можни рекорди од ерата на стриминг во текот на првите 24 часа.

Spotify, најпопуларната мрежа за слушање музика во светот, објави дека Адел го собори рекордот за најслушана песна на оваа платформа за 24 часа.

Амазон Музика исто така објави дека песната, во истиот временски период, стана најбараната песна на платформата.

Песната е првиот сингл од нејзиниот нов студиски албум наречен „30“, кој ќе излезе на 19 ноември оваа година.

Американските медиуми потсетуваат дека Адел со нејзиниот сингл „Hello“, кој беше хит сингл од нејзиниот претходен албум „25“, беше најбрзиот музички спот што собра повеќе од милијарда прегледи на YouTube.

Слушнете го нејзиниот нов сингл подолу.