Кон крајот на месец август албанската пејачка Аделина Тахири се породи со своето прво машко дете кое го доби името Џон.
Оттогаш помина нешто повеќе од еден месец, а мама Аделина сега се пофали како изгледа по породувањето, односно колку нејзиното тело се врати во форма.
Таа облече црн проѕирен коктел фустан и кусата снимка ја објави на својот профил.
-Ова сум јас, 16 дена откако го добив мојот син, напиша таа во описот на објавата.
Природата е различна за секого, иако требаат околу шест месеци за женското тело да се врати во форма близу до онаа пред бременоста, но сепак кај некои постојат исклучоци, Аделина е една од нив!
Инаку, Аделина се уште го крие од јавноста лицето на своето синче, па дури и кога го фотографира, тој е поикриен.
Инаку, бебето доби модерно име Џон, а тазе мама Аделина уште пред неговото доаѓање направи голема забава за добредојде каде беа поканети многу гости, имаше музика во живо и се тоа уште пред да се породи.
Извор: Вистина.мк
