Најпознатиот производител на спортска опрема Адидас вчера објави дека склучен е договор за продажба на нивната филијала Рибок.
Продажбата се врши на американската компанија Authentic Brands Group, за 2,1 милијарди евра.
Овој износ во голема мера ќе биде платен во готово, а трансакцијата треба да биде завршена во првиот квартал од 2022 година, по
Во соопштението на германската група се вели дека тој износ во голема мера ќе биде платен во готово, а трансакцијата треба да биде завршена во првиот квартал од 2022 година, по одобрување од надлежните органи.
Претходно, на почетокот на месец август, групата објави дека е во процес на финализирање на продажбата на филијалата, која веќе престана со работа во рамките на групата во почетокот на 2021 година.
Инаку, Адидас го купи Рибок за 3,1 милијарди евра во 2006 година со цел да се приближи до својот голем ривал Најк, а уште откако беше купена од германската група Рибок секогаш се сметаше за проблематичен во групата и се ширеа гласини дека Адидас ќе го продаде.
