На денешното рочиште за случајот „Титаник“ судијата Осман Шабани, извести дека адвокатите на Груевски се откажуваат од неговото застапување за овој случај. Екс премиерот, кој е во бегство во Будимпешта, ќе добие адвокат по службена должност. На Груевски кој е осуден на двегодишна затворска казна за „Тенк“, во останатите случаи ќе му се суди во отсуство.
Обвинителката на СЈО, Лиле Стефановска изјави дека постојат околу 5.900 материјали како доказ, како фактурите од фирмите „ДВД ПЕТ”, „Трансмет”, „Секјуриком”,и „Полијестердеј”.
Таа објасни дека станува збор за организиран криминал и злоупотреба на фондовите за политичките кампањи, во временски период од 2011-2015. Во „Титаник“, покрај Никола Груевски, меѓу обвинетите се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко.
Тие се товарат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
