Меѓународниот аеродром Тегел во Берлин е затворен засекогаш, по полетувањето на авионот на Ер Франс и една недела по отворањето на новиот аеродром на југоистокот на германската престолнина.
Францускиот авион полета од Берлин за Париз во текот на попладневните часови, а тоа полетување го означува крајот за аеродромот, кој беше омилен кај граѓаните на Берлин.
Првично дизајниран да превезува 2,5 милиони патници годишно, Тегел стана пофреквентен по обединувањето на Германија, а во 2014 година преку тој аеродром поминаа повеќе од 20 милиони патници.
На крајот, аеродромот беше преоптоварен и беа забележани систематски одложувања на летот и губење на багажот на патниците.
Терминалот на сега веќе поранешниот аеродром е обележан како историски споменик и ќе биде центар за развој на Универзитетот за применети науки.
Новиот аеродром Вили Брант е отворен на 31 октомври и се наоѓа на југоистокот од Берлин.
.
