Аерозагадување, ВМРО-ДПМНЕ бара дебата во Собрание

И ВМРО-ДПМНЕ со реакција за загадениот воздух. Од таму велат дека состојбата е алармантна и дека здравјето на граѓаните е ставено под знак прашање.

Пратениците од паријата, денеска во законодавниот дом доставија информација за високо ниво на загаденост на воздухот.

Се вчитува...

Координаторот Никола Мицевски, најави дека ќе побара да се одржи јавна дебата во Комисијата за транспорт, врски и животна средина околу аерозагадувањето, на која ќе бидат повикани граѓанските и еколошките здруженија, како и експертите за да понудат понудат решение за намалување на загаденоста на воздухот.

Извор: ТВ21