АФП: Трагедијата во Бугарија е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија

Денешната автобуска несреќа во Бугарија, во која загинаа најмалку 46 лица, е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија, јави Франс прес.

Осврнувајќи се на трагичните детали од несреќата, агенцијата прави преглед на најтешките автобуски несреќи на континентот во последните 10 години.

2021: Несреќа во Бугарија

Најмалку 46 лица, меѓу кои 12 малолетни, загинаа кога рано утринава во Бугарија се запали автобус кој сообраќал од Истанбул за главниот град на Северна Македонија, Скопје.

Според официјалните податоци, во 2019 година во земјата со население од 6,9 милиони луѓе во сообраќајни несреќи загинале вкупно 628 лица, а во 2020 година – 463 лица. Сообраќајните несреќи често се должат на лошите услови на патиштата, застарените автомобили и брзото возење.

Денешната несреќа се случила на дел од автопатот со стрмнини и без јасни разделни линии, каде во минатото се случиле многу сообраќајни несреќи, вели Дијана Русинова од невладина организација за безбедност на патиштата која и во минатото се жалела на бугарските власти за овој дел од автопатот.

2019: Португалија и Русија

Португалија: 29 германски туристи загинаа кога нивниот автобус излета од патот кон ресторан на планинскиот остров Мадеира на 18 април.

Русија: Автобус падна од мост во замрзна река во Сибир на 1 декември, при што загинаа 19 лица.

2018: Турција и Бугарија

Турција: 17 мигранти кои нелегално се превезувале преку Турција загинаа, а 36 беа повредени кога нивниот автобус се запали откако удри во столб на 29 март во близина на Карс во источниот дел на земјата. Повеќето од нив беа Иранци, Авганистанци и Пакистанци.

Бугарија: Дваесет аџии загинаа откако нивниот автобус се преврте во услови на силен дожд северно од Софија за време на патување во православен манастир на 25 август.

2017: Германија, Италија и Русија

Германија: 18 возрасни туристи од Саксонија загинаа кога нивниот туристички автобус се запали по судир со камион во Баварија на 3 јули.

Италија: 16 лица – главно унгарски тинејџери кои се враќаа од скијање во Франција – загинаа на 21 јануари кога нивниот автобус се запали по несреќа во близина на северниот град Верона.

Русија: 16 лица загинаа кога воз удри во расипан автобус со претежно узбекистански патници на железнички премин источно од Москва на 6 октомври.

2015: Најтешка несреќа во последните 30 години

Франција: Во најтешката француска сообраќајна несреќа во последните три децении, 43 лица загинаа кога автобус со членови на пензионерски клуб се судри со камион и се запали во близина на Пузеген во југозападниот дел на земјата на 23 октомври.

2014: Експлозија на цистерна

Турција: Цистерна што превезуваше течен нафтен гас (ТНГ) се преврте и експлодираше на автопат во југоисточниот дел на земјата на 22 јули, при што загинаа 26 лица во два автобуса што минуваа и ги зафати пламен.

Уште 21 лице загина во централна Турција на 23-ти јануари кога нивниот автобус се преврте на замрзнат пат во текот на ноќта.

2012: Загинаа 22 деца

Швајцарија: 28 лица, меѓу кои 22 деца, загинаа во несреќа во Сиер, јужна Швајцарија, додека се враќале во Белгија од ски-одмор на 13 март.

2011 година: Загинаа ученици во Турција

Турција: 25 лица, главно ученици, загинаа кога камион натоварен со цигли се судри со автобус во близина на Салат, село во југоисточната провинција Дијарбекир, на 21 декември.

Поврзани вести

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни почивалишта. Поворката тргна од Скопскиот аеродром каде...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на Скопскиот аеродром. Почит на загинатите им оддадоа претседателот...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија пристигнаа, а останките во моментов ги пречекува висока државна делегација....

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...