Свет

Агенција БелТА: Украинска ракета падна на територијата на Белорусија

Агенција БелТА: Украинска ракета падна на територијата на Белорусија

Украинска ракета од противвоздушниот ракетен комплекс С-300 падна на територијата на Белорусија, јави белоруската агенција БелТА, цитирана од ТАСС. Инцидентот се случил денеска меѓу 10:00 и 11:00 часот, а за несреќата веднаш бил информиран шефот на државата Александар Лукашенко.

Според агенцијата, се разгледуваат две верзии: „падот на ракетата на територијата на Белорусија е аналоген на неодамнешниот инцидент во Полска“ и дека проектилот бил соборен од воздушната одбрана на Белорусија.

Белоруското Министерство за одбрана ја информираше ТАСС дека засега нема да го коментира инцидентот. На местото работат специјалци од Истражниот комитет, МВР и Министерството за одбрана. Засега нема извештаи за жртви.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни