Агенција за цивилно воздухопловство потврди: Тунтев ја превзема функцијата генерален директор

Од Агенцијата за цивилно возздухоплоство потврдија дека во иднина функцијата на генерален директор ќе ја извршува досегашниот пратеник Томислав Тунтев.

„Ве информираме дека, денеска (09.01.2019 год) со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, функцијата Генерален директор на АЦВ, официјално ја презема Томислав Тунтев.

Се вчитува...

Позицијата директор на Агенцијата, во присуство на раководниот тим и вработените во АЦВ, му ја предаде досегашниот директор, Горан Јандреоски.

На чинот на примопредавање на функцијата, Јандреоски го информираше колегата Тунтев, за досегашните резултати на АЦВ постигнати на домашно и меѓународно ниво, како и за ативностите кои и престојат на Агенцијата, за продолжување на трендот на напредок на институцијата, во постигнување на заедничката цел, креирање современ, европски етаблиран, еколошки одржлив, брз и ефикасен воздушен транспорт, респектибилен од меѓународните воздухопловни партнери од Европа и светот“, информираат од АЦВ.

Извор: ТВ21