Балкан

Агенцијата за храна не дозволи увоз на речиси 750 килограми млечни производи од Турција

Бугарската агенција за безбедност на храна не дозволи увоз на над 700 килограми млечни производи на граничниот премин Капитан Андреево, соопшти БФСА.

При заеднички преглед со вработени во Царинската агенција, издадени се три протоколи за одземање личен багаж од три автомобили кои влегле од Република Турција.

Вкупната количина на одземени млечни производи е 743,2 килограми, 5 килограми конзервирана туна и 20,6 килограми пилешко. Запленетите производи се наменети за уништување.

Стоката е неусогласена храна, без идентификација и не може да се дозволи да се увезува во ЕУ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни