Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера пред граѓаните на Сарај порача дека Северна Македонија ќе напредува доколку двете најголеми етнички заедници, Албанците и Македонците, имаат добри односи, бидејќи овие две заедници ја имаат главната одговорност за иднината на државата.
Ахмети ја повика секоја македонска партија јасно да им кажат на Македонците дека оваа земја им припаѓа и на Албанците, кои не се кираџии.
„Денеска е патриотизам да се почитува идентитетот, културата, јазикот на сограѓаните. Не е патиротизам да војуваш и освојуваш, да го смениш Законот за употреба на јазиците. Како се задира јазикот?! Ние го плативме со крв! Како се отвораат стари рани кои болаат повеќе од новите рани?! Како можете да задирате врз етничката припадност?“, вели Ахмети.