Македонија

Ахмети: На првиот ден од изборната кампања ќе го објавиме името на кандидатот

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во интервју за косовската телевизија „Клан Косова“, ги потврди тврдењата на Артан Груби кажани во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 дека во моментов се во процес на консултации со академската заедница, невладините организации и дека имаат неколку имиња за кандидат за премиер за кои се консултираат.

Ахмети рече дека името ќе го објават на првиот ден од изборната кампања, јавува репортерот на ТВ21.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни