Ахмети за ТВ21: Предлогот на министри од ДУИ останува ист

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети за ТВ21 изјави дека предлог-составот на министрите на ДУИ останува ист и непроменет. Ахмети објасни дека нема нови имиња од неговата партија и покрај неколкуте барање кои ги имаше внатрешоста на партијата.

Заев за ТВ21 денеска пак изјави дека предлог програмата и составот на нова влада ќе ги поднесе до Собранието откако истото ќе одлучи за своите заменик потпретседатели.

Џафери за утре во 11 часот закажа седница на која треба да биде избрани потпретседатели на Собранието. Во последниот парламентарен состав, законодавниот дом имаше три потпретседатели.

.

Извор: ТВ21