Заев нема да биде идниот премиер, бидејќи тоа ќе биде Насер Зибери, рече Али Ахмети – лидерот на ДУИ во „Изборни дебати“ на ТВ21.
„Сега сигурно дека и тука, јас не можам да кажам дека г-динот Заев ќе биде премиер, бидејќи јас имам кандидат за премиер Албанец. Како можам јас да излезам и да кажам дека г-динот Заев ќе биде идниот премиер. Идниот премиер ќе биде, Насер Зибери, бидејќи е неспорно и легитимно право, ние да се натпреваруваме за врвот на државата. Многу ми е жал што оваа кандидатура, оваа идеја, ги загрижи и ги стави во толку голема паника…“, изјави Али Ахмети за ТВ21 во „Изборни дебати“.
.