Македонија

АХВ го повикува градоначалникот на Крива Паланка да соработува за трајно решение на проблемот со кравите

АХВ го повикува градоначалникот на Крива Паланка да соработува за трајно решение на проблемот со кравите

Институционалната одговорност и надлежностите повторно се во фокусот по реакциите поврзани со проблемот со говедата што слободно се движат на територијата на Крива Паланка. Од Агенција за храна и ветеринарство соопштуваат дека тврдењата дека локалната самоуправа нема законска обврска да постапува во овој случај се неточни и дека постојат јасно утврдени надлежности.

Од Агенцијата реагираат на изјавите на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, нагласувајќи дека согласно законските одредби, контролата врз јавните површини и чувањето и напасувањето на крупен добиток на такви површини е во надлежност на општината.

Во соопштението се посочува дека е неопходна соработка меѓу институциите за трајно решавање на проблемот, со цел заштита на земјоделските поседи и безбедноста на граѓаните. Агенцијата истакнува дека говедата не се појавиле одеднаш во голем број и дека решението бара координиран и одговорен пристап.

Исто така, од таму најавуваат дека активностите за заловување и справување со животните ќе продолжат и во наредниот период, во интерес на жителите на општината и околните села.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни