Пред околу 10 дена, ајкула нападнала рибарски улов и брод во близина на островот Жирје во Хрватска, а сега се случила слична ситуација на истото место, објавува порталот „Шибеник“. Експертите го објасниле првиот напад како желба на ајкулата да улови плен, според нив, целта не биле луѓето.
Овој пат, според гореспоменатиот портал, природата на нападот е поинаква. Средбата со морскиот предатор се случила во близина на заливот Крушевица, на југозападната страна од Жирје.
Морската ајкула се насочила кон моторот на рибарскиот брод. Не е познато зошто ајкулата го нападнала рибарскиот брод овојпат.
На видеото што можете да го видите на споменатиот портал, можете да чуете и луѓе како пцујат додека се бранат од ајкулата. За среќа, никој не е повреден.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 2.Кривична пријава против самостоен инспектор од СВР Битола – оддавал службени тајни
- 3.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 4.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 5.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!