Свет

Ајкула нападна туристи додека нуркале на туристичките острови

Ајкула нападна туристи додека нуркале на туристичките острови

Ајкула нападна 22-годишна жена од Конектикат додека таа нуркала со пријател на туристичките острови Туркс и Каикос. Инцидентот се случил во 15 часот по локално време, според полицијата, пишува CNN.

Вработен во одморалиштето повикал брза помош и рекол дека на жртвата и недостасувал екстремитет по нападот.

Повредената е пренесена во болница во тешка состојба.

Нападот се случи во чисти и мирни води и беше наречен неиспровоциран и случаен, соопшти Big Blue Collective, компанија за еко-авантура и спортови на вода на островите Туркс и Каикос.

Жртвата и нејзината пријателка биле на приватна екскурзија на приватен брод кој не е поврзан со една од екскурзиите на Биг Блу Колектив во моментот на нападот од осомничена карипска гребена ајкула, се додава во соопштението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни