Од АКК (Авто Картинг Клуб) од Скопје, реагираат по повод пишувањата за повредени гледачи на автомобилската трка на Водно одржана изминатиот викенд, кога беа повредени двајца гледачи крај патеката. Од АКК го потврдија инцидентот, но напоменуваат дека повредениот гледач бил на несоодветно место, односно не ги почитувал натписите и самоиницијативно најпрво бил опоменат, но не ги почитувал зборовиите на редарите, и на крајот се случил инцидентот.
„Што се однесува до инцидентот кој одредени медиуми го квалификуваа како „голем инцидент со искршеници на раце и нозе“, сакаме да ви ја дадеме следнава објективна информација. Гледачот кој е повреден, самоиницијативно, без никој да го види (полиција, судија, редар, обезбедување) преку спореден пристап од приватен имот дошол до патеката сакајќи да го проследи и сними натреварувачот кој е дел од споменатиот инцидент. Ја отстанил и искинал сигналната лента која го означува забранетиот простор за гледачи и застанал на забрането и несоодветно место за гледачи. Истиот, во првиот момент кога бил забежежан од страна на организаторот бил опоменат и по негова согласност се повлекол од забранетиот простор. Се работи за гледач кој два пати е опоменат и отстранет од истата локација. И покрај ова, истиот повторно, без да биде забележан се вратил на истото место. По настанување на инцидентот веднаш, во истиот момент (бидејќи се случи на само 150м по стартот) е интервенирано од страна на судија, редар, обезбедување и директор на трка (на лице место).
Со лицето е разговарано на местото на случувањето, при што тој свесно се извинувал за проблемот кој го направил и се пожалил на болка во ногата, во моментот на пристигање на веќе повиканото болничко возило. Гледачот по укажаната лекарска помош контактирал со директорот на трката, повторно извинувајќи се за неговото несоодветно и несовесно однесување, непочитување на правилата на натпреварот.“, се вели во соопштението на АКК клуб, испратено и до Агенцијата за млади и спорт.
