Заради подобро функционирање на училиштата е одложен почетокот на второто полугодие од учебната година, на 23-ти наместо на 18 јануари, изјави ресорниот министер Јетон Шаќири.
Доколку има потреба, додаде тој, наставата од двата работни дена што ќе се загубат поради продолжениот зимски распуст ќе се надоместат во јуни.
-Нема целосна работна недела, се работи за два односно три работни дена за одредени ученици. Требаше да се почне во среда, четврток е празник, да се продолжи во петок. Заради подобро функционирање на училиштата, одлучивме да се почне од понеделник, истакна Шаќири.