Македонија

„Ако во време на ВМРО-ДПМНЕ не си заминеше Астра Зенека од Македонија сега ќе имавме вакицни“

Остри критики вечерва во студиото на Телевизија 21 помеѓу пратеничките од власта и опозицијата, Славјанка Петровска и Дафина Стојановска. Славјанка Петровска, пратеничката од редовите на СДСМ, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираше со пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

Петровска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека нема вакцини поради нивните политики од 2012 до 2015 и поради тоа што ја избркале компанијата „Астра Зенека“ од земјава.

„Ако вие во периодот од 2012 до 2015 година, поради криминалот што го правевте и паралелниот увоз на лекови, и не ја избркавте Астра Зенека од државата, сега ќе имавме вакцини многу побрзо“, рече Петровска.

Одговори Стојановска:

„Не се вадете, четири години сте на власт, една година сме во пендемија. За немањето вакцини одговорни сте само вие“.

Петровска: „Криминалните политики кои ги водевте, сега се одразуваат. Апсолутно да“.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни