Вилијам Шатнер (90), актер познат по улогата во „Ѕвездени патеки“, стана најстарата личност што некогаш била во вселената! Актерот возврати со една порака: „Сите во светот мора да го видат ова“.
Шатнер, познат по улогата на капетан Кирк во научно-фантастичната серија во 1960-тите, безбедно слета со астронаутите во пустината Западен Тексас, каде поминаа 3 минути во нулта гравитација.
„Здраво, астронаути! Добредојдовте на Земјата“, рече Џеф Безос отворајќи ја вратата од капсулата Њу Шепард, именувана по првиот Американец во вселената, Алан Шепард.
Another safe landing in the West Texas desert. What a day, congrats to the crew of #NS18. pic.twitter.com/j0LjGc8yoW
— Blue Origin (@blueorigin) October 13, 2021
Штом излезе од капсулата, актерот „падна“ во рацете на Џеф Безос, велејќи дека е потресен од ранливоста на Земјата.
„Толку сум исполнет со емоции поради она што се случи. Се надевам дека никогаш нема да се опоравам од ова“, рекол актерот плачејќи.
Шантер рече дека ова искуство е исто така трауматично, бидејќи ниту една обука не може да го подготви за ова искуство.
Безос е голем обожавател на „Ѕвездени патеки“, па токму затоа му го подари на Шантер ова уникатно искуство.
This was the voyage of the RSS First Step today. Its mission: encounter Earth from incredible views at apogee pic.twitter.com/Gzsnkv97K9
— Blue Origin (@blueorigin) October 13, 2021
