Активни три пожари во Македонија вечерва!

На територијата на Република Северна Македонија имаше вкупно 25 пожари на отворен простор, велат од ЦУК.

3 активни

5 под контрола

17 изгаснати

Активни: 3

 1. Општина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово – с. Нивичино на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);

 2. Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, друг крак према с. Градешница (Општина Новаци) и трет крак према границата со Р. Грција. Не се интервенира поради детонации (мешана шума);

 3. Општина Прилеп и Општина Кавадарци – помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Општина Прилеп), и Галиште и Трстеник (Општина Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација);

Под контрола: 5

 1. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева);

 2. Општина Штип – помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);

 3. Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума);

 4. Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);

 5. Општина Македонска Каменица – с. Ќосевица (борова шума);

Изгаснати: 17

 1. Општина Струга – с. Велешта (запалено стрниште);

 2. Општина Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, с. Бељаковце, с. Довезенце, Орах и Руѓинце, се шири кон селата Димонце и Коњух (Опш. Кратово) каде загрозува куќи и помошни објекти (ниска вегетација);

 3. Општина Кичево – с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума);

 4. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);

 5. Општина Петровец – села Средно и Долно Коњаре (мешана шума);

 6. Општина Петровец – Катланово (ниска вегетација);

 7. Општина Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума);

 8. Општина Новаци – с. Рапеш (запалени бали);

 9. Општина Прилеп – с. Кантларци (ниска вегетација);

 10. Општина Прилеп – ул. Јоска Јордановски (ниска вегетација);

 11. Општина Охрид – с. Ботун (ниска вегетација);

 12. Општина Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума);

 13. Општина Василево – с. Доброшинци (сува трева);

 14. Општина Струмица – Турски гробишта (сува трева);

 15. Општина Куманово – с. Рајкова Куќа (сува трева);

 16. Општина Куманово – с. Младо Нагоричане (сува трева);

 17. Општина Делчево – Градска депонија (запалена депонија).

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.