Алармантно во Јагодина: Се слушаат истрели, полицијата трага по напаѓачот

Напаѓачот кој го уби сопственикот на кафеаната во Јагодина, Дејан Михајловиќ (56) и повреди уште едно лице Саша Милосављевиќ (47), на полицијата и е познат поради неговото дебело досие.

Како што пишува Блиц, тој е осуден за повеќе кривични дела, обид за убиство, семејно насилство, недозволено носење оружје …

Како што е познато, минатата недела во кафеаната „Круг“ во населбата Стрелиште дојде до тепачка, а вечерва конфликтот кулминираше со пукање.

Тој отворил оган во кафеаната, пукал во сопственикот на локалот и уште еден гостин, а потоа побегнал.

Опсадна состојба на руските гробишта

Според информациите во моментов на руските гробишта владее хаос, се слушаат истрели, кон тоа место се упатиле голем број полициски возила.

Како што пишувавме претходно, постои сомневање дека убиецот по пукањето побегнал во правец на руските гробишта.

Полицијата во моментов трага по убиецот, а во потрагата е вклучена и Специјалната антитерористичка единица (САЈ). Дејан Милосављевиќ (56) им подлегна на повредите и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот.