Базата Пашалиман, која се наоѓа под Валонскиот Залив, била изградена во 1950-тите и во неа биле сместени 12 подморници на Советскиот Сојуз.
Албанија му понуди на НАТО користење на поранешната советска поморска база Пашалиман, соопшти денеска кабинетот на албанскиот премиер.
Премиерот Еди Рама рече дека поморската база Пашалиман, 180 километри јужно од Тирана, може да биде „дополнителна вредност“ за Алијансата и дека Албанија подготвила проект за нејзина реконструкција, пренесува АП.