4NEWS.mk

Албански државјанин и малолетник од Скопје приведени поради поседување оружје

Вчера околу 15.42 часот во с.Огњанци, скопско, од слобода биле лишени А.М.(62) од Р.Албанија и малолетник од Скопје, бидејќи при преглед кај нив бил пронајден пиштол „танфољо“, калибар 9 мм, со една рамка и шест куршуми. Тие биле приведени во Полициското одделение Петровец и по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни