Македонија

Албански државјанин ставил пари во патната исправа при сообраќајна контрола кај Македонски Брод

Албански државјанин ставил пари во патната исправа при сообраќајна контрола кај Македонски Брод

На 13.02.206 во 13:50 часот на ул.„Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода З.Х.(31) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле товарно возило „ман“ со албански национални ознаки, при што во патната исправа која ја дал на увид, З.Х. имал ставено пари. 

Известен бил јавен обвинител, а тој бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни