Македонија

Албанскиот ансамбл со прв концерт – Нема сопствен објект, пробите ги одржува во други сали

Албанскиот државен ансамбл се подготвува за првиот концерт. Овие играорци се првите вработени кои ќе настапат на премиерниот концерт. Веќе два месеца одржуваа интензивни проби.

Иако помина година и пол, како што е познато, Ансамблот на албански песни и ора се уште нема свој објект. На оваа културна институција и е доделена сала во Домот на Арм, привремено, за проби. Кога оваа сала е зафатена, ансамблот пробите ги одржува во други објекти. Неколку пати во просториите на Културно уметничкото друштво „Емин Дураку“, а но и во просториите на КУД „Ибе Паликуќа“. Директорот на Ансамблот, Јетон Пустина вели дека не е лесно да работи без свој објект и дека се обидуваат да го решат ова прашање,

„Да, секако дека не е лесно, не дека влијае негативно, но не си спокоен. Ние сме тука за да најдеме решение“, вели Пустина.

Бидејќи Ансамблот се уште не е целосно екипиран, за првиот концерт се ангажирани надворешни соработници. Кореографот Генц Кастрати вели дека на Ансамблот како државна институција му треба пријатен амбиент за работа.

„На некој начин уметникот е уметник и тоа не треба да влијае, но влијае. Јас апелирам до вашите државни функционери, со оглед дека станува збор за новоформиран ансамбл, да се обезбедат други посоодветни простории“, рече Кастрати.

Пустина претендира како траен објект за Ансамблот да се додели салата во Домот на Армијата, која според него ги исполнува сите услови.

„Салата во Домот на Армијата е привремено во употреба и се надевам дека во иднина ќе биде наш објект. Таму ни е добро, во центарот на Скопје,условите се добри и ние како Ансамбл ќе направиме се да останеме таму“, изјави Пустина.

Играорците се ентузијасти и подготвени за турнеја.

„Пробите одеа многу добро, ние гледаме дека сме подготвени за настап. Имавме кратко време за подготовка на три кореографии кои ги работевме со тројца од најдобрите албански кореографи.“, вели играорката Зенели.

Адресата на Ансамблот на албански песни и ора во документите фигурира во општина Чаир, но канцелариите се во зградата на Нова Македонија во општина Центар. Инаку Ансамблот по година и пол од основањето како институција, ќе го одржи првиот концерт во Центарот на културата во Тетово.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни