Македонија

„Албанскиот јазик се употребувал и во НОБ“, честитка само на македонски јазик на консензуалниот претседател

Над 8 илјади во Сарај
Над 6500 гласови во Липково
Над 4 илјади во Дебар, Студеничани, Теарце, Боговиње и Врапчиште
Над 3 илјади во Желино и речиси толку и во Арачиново

Ова се некои од општините со албанско мнозинство каде пред 5 месеци актуелниот претседател Стево Пендаровски убедливо победи. Се промовираше како консензуален кандидат, но Пендаровски никако да го научи јазикот на неговите илјадници гласачи Албанци. И во денешната честитка за 11 Октомври, кабинетот на Претседателот не се сети барем титлот да биде на албански, туку само на македонски јазик.

Ништо подобар ниту Премиерот Зоран Заев. Денешните постирања на Фејсбук се еднојазични. За разлика од Заев и Пендаровски, Денот на Народната борба, претседателот на Собранието Талат Џафери го честиташе и на албански. Иако Албанците биле поделени на партизани и балисти, историчарот Фати Исени тврди дека придонесот на Албанците во НОБ е неоспорен факт.

Потпирајќи се на архивски документи, Исени вели дека и официјалната комуникација меѓу партизаните во Западна Македонија без проблем се одвивала и на албански јазик.

„Доста е интересно тоа што официјалната размена на документите и комуникацијата од тоа време и на албански јазик биле речиси еднакви и комуникација без проблем се одвивала и на албански јазик, и дел од документите кои се зачувани во архива, не знам дали другите се уништени, се на албански јазик, значи замисли не претставувало никаков проблем во тоа време официјална комуникација да се одвива на албански меѓу партизаните на чело на НОБ.“, рече Фати Исени, универзитетски професор.

Додека нашите власти имаат тешкотија во почитувањето на двојазичноста, пример за следење е Француската амбасада во Скопје чии постови се на три јазици, француски, македонски и албански.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни