Александар Василевски – „Нинџа“ доставил 115 аудио снимки за настаните од 27 април

Александар Василевски, познат под прекарот „Нинџа“, доставил 115 аудио снимки во обвинителството за организиран криминал, како доказ за настаните од 27 април и упадот во Собранието.

Во судницата денеска рече дека ги доставил и ги предложи како докази. Ивана Трајчевска која го водеше случајот истакнала дека не е запознаена со оваа ситуација.

Се вчитува...

„Ние немаме сознанија конкретно за какви снимки станува збор, односно станува збор за службена тајна, тие се предадени во обвинителството и сметаме дека обвинителството треба да ги предаде до судот“, рече Трајчевска.

Василевски во изјава за новинарите потврди дека поднел снимки, и сега очекува Судот да ги преслуша, но бараше јавноста да не биде присутна кога ќе бидат слушани тие снимки.

Судењето за „крвавиот четврток“ продолжува во четврток.

 

Извор: ТВ21