Српскиот претседател Александар Вучиќ во изјава за телевизијата „Прва“ ги коментираше епитетите што ги употреби кон делегација од европратеници од Европската зелена партија за време на антивладин протест на 5 септември во Нови Сад.
Говорејќи за европратениците, Вучиќ изјави дека веројатно погрешил што ги нарекол „измет“ и „најдолен измет“ и додаде дека еден претседател не би требало да користи такви зборови во своите јавни настапи.
„Но јас мислам многу полоши работи за нив. А што да мислам за луѓе кои не дошле само на политички митинг… Вие дојдовте да вршите насилство во друга држава, а секоја држава би им забранила на странци да учествуваат во насилство против неа“, нагласи Вучиќ.
По десет месеци протести, српското општество е силно поларизирано, а тензиите се чувствуваат на улиците во земјата, предупреди еврокомесарката за проширување Марта Кос од говорницата на Европскиот парламент во Стразбур претходно денеска. Таа ја повика Србија да покаже реална волја за реформи и надминување на длабоките поделби.
„Европската комисија ги осудува сите акти на омраза, вандализам и насилство и продолжува да повикува на деескалација на тензиите“, изјави Кос.
Таа потсети дека Брисел доследно ја нагласува потребата од заштита на независноста на судството и ги осудува насилството и заканите против судиите. Во однос на медиумите, таа го повика Белград да гарантира дека новинарите можат да работат без притисоци и закани.
„Нападите на кои новинарите се изложени во контекст на протестите мора да запрат, вклучително и пријавените случаи на полициска интервенција и вербални напади од високи државни функционери“, рече еврокомесарката.
Комисијата дополнително нагласува дека ширењето дезинформации и непријателски политички изјави, вклучително и оние насочени против ЕУ, се спротивни на вредностите и стандардите на Унијата.
„Ние навистина сакаме демократска Србија во рамките на ЕУ. Како комесарка за прашањата на проширувањето, искрено сум посветена на тоа“, увери Кос.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 2.Кривична пријава против самостоен инспектор од СВР Битола – оддавал службени тајни
- 3.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 4.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 5.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!