Али Ахмети за ТВ21: Денеска се одлучи за иднината на оваа земја, за одржлив мир и стабилност

Али Ахмети во изјава за ТВ21 по завршувањето на пленарната седница порача дека ова е историски момент и дека од денеска е запечатена иднината на нашата земја. Историски ден и голем успех за државата, ова е оценката на останатите партиски лидери, кои потенцираат дека немало друг избор, освен да се продолжи патот кон ЕУ и НАТО.

„Ова е историски момент. Овој ден е неповторлив, претставува успех за сите граѓани на Македонија. Денеска се одлучи  за иднината на оваа земја, за одржлив мир и стабилност. Треба да се поздрават сите пратеници кои собраа храброст и се солидаризираа со парламентарното мнозинство за целосна реализација на овој договор, за што побрзо членство на Македонија во НАТО и ЕУ“, вели Али Ахмети – претседател на ДУИ.

Извор: ТВ21