Македонија

Алими се соочи со Фетаи на суд: „Не знаев дека мојот исказ ќе се злоупотреби“

Ејуп Алими денеска требаше да даде исказ пред судското тело, но се повлече. Тој заедно со Исмет Гури, е обвинет во случајот Титаник 3, кој е поврзан со уништување на изборниот материјал на локалните избори во 2013, во Чаир. Неговиот адвокат, Мефаил Аслани, рече дека претходно неговиот клиент дал исказ во својство на сведок без присуство на адвокат. Тој додаде дека делото за кое се товари, обвинетиот таа вечер не бил присутен или ангажиран во некаква политички активност.

„Кога бев повикан од СЈО, бев поканет како сведок а не обвинет. Во канцелариите на СЈО немаше ниту дактилограф, немаше никој. Тогаш бев испрашан како сведок. Побарајте ги снимките од СЈО. СЈО потроши толкав буџет, сигурно има и камери. Не знаев дека од лица со интегритет ќе биде злоупотребена мојот исказ. Верував во правдата и се уште верувам, бидејќи сум невин.“, вели Алими.

Откако обвинетиот Алими одби да даде исказ како обвинет, обвинителката Фатиме Фетаи од судското тело побара да се прочита исказот на Ејуп Алими, дадена во текот на истражната постапка, знаејќи дека е обвинет. Алими призна дека бил во општина Чаир, но вели дека не го сторил делото.

„Кривичното дело го немам сторено. На изборите во 2013 година сопругата беше претседател на изборен одбор во Чаир. По завршување на изборите бев да ја почекам сопругата, беше доцна, а таа бидејќи е од Косово послабо го знае македонскиот јазик. Влегов во општина Чаир и ја чекав во холот. Се задржав 15 минути. Не влегов во просторијата за статистика, не ни знаев што имало таму.“, рече Алими.

На наредното рочиште закажано за 4 декември треба да сведочи сведок на обвинителството, Ресмија Веслимовска, преку видео врска, бидејќи престојува во Германија. Потоа ќе следуваат завршни зборови.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни