Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ ќе се соочат во финалето на Отвореното тениско првенство на Британија. Пресметката меѓу првиот и вториот во машката светска ранг листа е денеска, 16 јули, во 15 часот по македонско време. Гледачите на трибините на Централниот терен ќе уживаат во долгоочекуваниот судир за Грен слем трофејот меѓу двајцата најдобри тенисери во моментов.
Алкараз го прави своето прво финале на Вимблдон и втор Грен слем генерално по минатогодишниот УС Опен, кога ја освои титулата откако го победи Каспер Руд.
Алкараз и Ѓоковиќ досега имаат два меѓусебни натпревари, со биланс 1-1 победи. Шпанецот триумфираше на домашен терен на Мастерсот во Мадрид минатата година, но Џокера се реваншираше со успех во четири сета во полуфиналето на Ролан Гарос кога неговиот млад противник исто така се мачеше со грчеви во последните два сета. Победникот на Вимблдон ќе си замине со чек од 2.350.000 фунти, а поразениот од 1.175.000 фунти.