Алтернатива ќе одржи состанок на ЦО – се очекува да одлучат дали ќе влезат во Влада

Алтернатива за вечерва во 18 часот закажа седница на Централното Раководство, кое треба да одлучува дали ќе станат дел од Владата и парламентарното мнозинство или ќе останат дел од опозицискиот блок.

Претседателот на партијата, Африм Гаши минатата недела беше на средба со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на која беше официјализиран предлогот Алтернатива да биде дел од владината коалиција, со што исто така со нивните четворица пратеници би се зголемило и мнозинството во Собранието.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното