Македонија

Алтернатива порача: Немаме проблем за влез на АА во мнозинството, но само ако СДСМ и ДУИ отстапат ресори

Алтернатива порача: Немаме проблем за влез на АА во мнозинството, но само ако СДСМ и ДУИ отстапат ресори

Од политичката партија Алтернатива за Сител утрово истакнале дека немаат проблем со влез на нови партии во владиното мнозинство но само ако СДСМ и ДУИ отстапат од своите ресори.

„Ако му веруваме, а јас не би сакал да не им верувам, на Премиерот и на претседателот на Алијансата за Албанците дека во петок разговарале за интеграцискиот процес и за борбата против корупцијата, мислам дека се уште нема никаков друг контекст за припојување на Алијансата кон владиното мнозинство“, велат од таму.

Според нив мнозинството е истото што било и во минатата година кога Алтернатива се приклучила во Владата.

„Затоа не гледам која би била причината за влез на некоја друга партија во владата. Единствена измена е стравот на ДУИ ќе може да остане без огнените пратеници. Во тој случај ДУИ ќе бара некоја резервна гума, а дали Алијанса ќе прифати да биде тој елемент, тоа е нивна одлука. Секако, за Алтернатива е важно да продолжи интеграцискиот процес, да се реализира нашиот политички договор со СДСМ и за нас не менува ништо ако ДУИ или СДСМ сакаат да отстапат место за некоја друга партија. Тоа ќе биде нивна одлука“, велат од Алтернатива за Сител.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни