Алтернатива утре ќе излезе со став дали ќе биде дел од владината коалиција

Алтернатива утревечер во 18 часот има закажано седница на Централното претседателство, што беше одложена поради тридневната жалост и автбуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 патници.

Членот на Алтернатива и пратеник, Скендер Реџепи Зејд за МИА изјави дека утревечер членовите на Централното претседателсто треба да му дадат насока на Централното собрание, највисок орган на партијата, и тоа ќе донесе одлука дали тие ќе станат дел од Владата и парламентарното мнозинство или ќе останат дел од опозицискиот блок.

„Верувам дека во еден дијалог ќе ги соочиме сите аргументи „за“ и „против“ и дека ќе биде донесена соодветна одлука“, вели Реџепи.

Негов став е, како што кажа, доколку Алтернатива донесе одлука да стане дел од Владата, услов да биде давањето предност на програмата на партијата пред позициите на власта.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното