„Подобро е да има предизборна коалиција и да се враќа надежта кај Албанците за промена. Јас мислам дека време е за промена и сум убеден дека тоа ќе се случи на 12 април“, вели Гаши.
– Соработка, коалиција со кого?
„Ние како политичка партија ги започнавме подготовките, по сите разговори, ќе седнеме и ќе зборуваме со партиските органи. Секоја понуда има позитивна и негативна страна. Јавноста да биде убедена дека јас лично и мојата партија на прво место ќе го имаме интересот на Албанците во земјата во однос на формирањето на предизборната коалиција. Не мислам колку пратеници ќе земам и како ќе излеземе по изборите“, вели Гаши.