Најпопуларниот музички состав „Амадеус бенд“ кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи во целиот регион, утре 17-ти март, ќе има промоција на новата песна и видеоспот „Београд“ во Скопје.
Промоцијата започнува во 12 часот, додека пак со почеток од 20.00 часот во ресторан „Дион“ ќе се одржи уште еден незаборавен настап во живо.
Спектакуларна журка на која Џаја и екипата ќе ги изведат своите најголеми хитови и концертно ќе ја промовираат новата песна „Београд“ на која за последен пат свири нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го загуби животот од короната.
Настапот на „Амадеус бенд“ е настан на кој кога еднаш се присуствува, постојано се раскажува, а нивниот следен – не се пропушта.
Бројот на места е ограничен.
