Во живо Избори во Србија и Бугарија Вклучувања во живо од Белград и Софија Гледај
Свет

Амбасадата на САД со остра порака по напад во парк во Германија: „Не недостасува сочувство – недостасува спроведување на законот“

Амбасадата на САД со остра порака по напад во парк во Германија: „Не недостасува сочувство – недостасува спроведување на законот“

Амбасадата на САД во Северна Македонија преку објава на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) реагираше по повод случајот во Германија, каде што еден Авганистанец, кому претходно му било одбиено барањето за азил, избодел двегодишно дете и возрасен во парк.

„Тоа лице требаше да биде вратено во Авганистан откако му беше одбиено барањето. Не недостасуваше сочувство. Недостасуваше спроведување на законот“, стои во објавата.

Од Амбасадата упатуваат јасен апел до европските влади дека мора да ги заштитат своите граѓани, нагласувајќи ја важноста на доследно применување на законските процедури во миграциските и безбедносните политики.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни